Гаранција

Вашата гаранција од Sony: што треба да знаете

Треба поправка за производ од Sony? Дознајте што е опфатено со гаранцијата..

Општи гаранции од Sony:

Тие важат 1 година и опфаќаат телевизори, видеоуреди, Hi-Fi-уреди, фотоапарати, стерео-уреди за во автомобил и други аудио-визуелни производи.

Ако Ви треба поправка, треба да ги покажете оригиналните документи за купување. Ако ги немате тие документи, тогаш ќе треба да платите за каква било поправка.

Некои други производи, како што се ламби, проектори и батерии имаат ограничена гаранција. За да дознаете повеќе, погледнете ги гарантните услови од Sony

Што не е опфатено со гаранцијата?

Не се опфатени штети предизвикани од:

  • влажност
  • паѓање на производот
  • гром
  • погрешно користење на производот

За повеќе информации, прочитајте ги општите гарантни услови од Sony

Штети предизвикани поради горенаведените причини? Не грижете се, сепак можат да се поправат производите од Sony, само што ќе треба да платите за тоа. Прочитајте повеќе за цените за поправка и Вашите можности