Назад кон прегледот или Нов почетен екран >>

Како да го инсталирам ова ново ажурирање на софтверот?


Автоматското ажурирање на Android™ 8.0 Oreo™ продолжи и ќе се одвива во текот на следните седмици. За повеќе информации, погледнете го известувањето на веб-локацијата за поддршка. Како алтернатива, може да го преземете пакетот за новиот фирмвер од веб-локацијата за поддршка и да ажурирате преку USB. За повеќе информации, посетете ја страницата за телевизори.



Преземање ажурирања директно преку интернет

За да проверите дали функцијата Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) е поставена на ON (Вклучено) или OFF (Исклучено), или за да проверите рачно дали има достапно ажурирање на системскиот фирмвер, следете ги овие чекори:
  1. Притиснете го копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач.
  2. Потоа изберете Help (Помош) во менито Settings (Поставки) (или притиснете го копчето HELP (Помош) на далечинскиот управувач).
  3. Во менито Help (Помош), изберете System software update (Ажурирање на системскиот софтвер).



  4. Потоа може да ја искористете функцијата Check for a system software update (Провери дали има ажурирање за системскиот софтвер) или вратете ја функцијата Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на ON (Вклучено).

ВАЖНО: Мора да се согласите со Политика за приватност на Sony за да можете да преземате содржини за софтверот. Проверете во [HOME] (Почеток) > [Help] (Помош) > [Privacy Setting] (Поставки за приватност).

Телевизорот ќе започне да пребарува за ажурирања и ќе понуди да ги преземе ако се достапни. Ако е достапно некое ажурирање, постапката за преземање е следна:
  1. Телевизорот ќе побара потврда од вас дали сакате да продолжите со преземањето и ќе ја прикаже содржината (нови функции, поправки на проблеми итн.) на ажурирањето.
  2. Изберете Yes (Да) за да продолжите.
  3. ЗАБЕЛЕШКА: Телевизорот може да се користи нормално додека се презема ажурирањето.
  4. Откако телевизорот ќе заврши со преземање на ажурирањето, ќе побара потврда од вас дали сакате да го инсталирате.
  5. Изберете OK за да прифатите и да започне инсталирањето. Или, пак, изберете Cancel (Откажи) и инсталирајте го ажурирањето подоцна.

  6. ВАЖНО: Преземањето ажурирања и инсталирањето ажурирања се две различни постапки. Ве молиме имајте предвид дека инсталацијата на ажурирањето може да трае до 15 минути - период во кој нема да можете да го користите телевизорот.

  7. На екранот ќе се прикаже икона за ажурирање и лента за напредок што ќе го покажува статусот на ажурирањето.


    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Постои ризик од оштетување на хардверот. Во текот на инсталирањето на ажурирањето, не притискајте ниту едно копче, не исклучувајте го телевизорот и не исклучувајте го од штекерот. Ако се прекине напојувањето за време на инсталацијата на ажурирањето на фирмверот, телевизорот може да престане да реагира или може ќе треба да се поправи.
  8. Откако ќе заврши инсталацијата на фирмверот ќе можете да продолжите со стандардна употреба на телевизорот.

Ажурирање со USB флеш-меморија


  1. Внесете го името на моделот на вашиот телевизор во полето за пребарување на почетната страница за поддршка на Sony.



    Ако не го знаете бројот на моделот, проверете на лепенката што се наоѓа на долниот лев агол на задната страна на телевизорот.



  2. Одете до делот „Downloads“ (Содржини за преземање) и изберете го копчето Firmware download (Преземање фирмвер).
  3. Следете ги упатствата на веб-локацијата за да го преземете ажурирањето на USB-флеш-меморија и извршете го ажурирањето на телевизорот.

Главни забелешки:

  1. Преземањето на овој софтвер е по желба на корисникот
  2. Откако ќе го извршите ажурирањето нема да можете да се вратите на претходниот оперативен систем (OS)
  3. Откако ќе го извршите ажурирањето може да бидат потребни ажурирања за апликациите од Google Play Store, а апликациите за постарите верзии на оперативните системи може да не функционираат како што е предвидено



Назад кон прегледот или Нов почетен екран >>