Приспособете го нивото на задното осветлување, сензорот за осветленост или поставувањата за заштеда на енергија (само за LCD-телевизори)

LCD-екранот е направен со технологија со висока прецизност за да се постигне високо ниво на перформанси и квалитет на сликата. За да се постигне ова ниво на перформанси, поставувањето за задното осветлување на телевизорот е поставено да ја максимизира осветленоста на екранот. Сепак, може да се забележи нееднаква осветленост кога се гледа телевизија во темна околина без извор на видеовлез или кога екранот е празен. Оваа состојба е нормална и не укажува на дефект на телевизорот.

Ако ова влијае врз вашето уживање, еве неколку приспособувања кои може да ги направите за да се минимизира оваа состојба:

  • Намалете го Backlight Level (Нивото на задно осветлување) во менито Picture Settings (Поставување на сликата).
  • Ставете го поставувањето за Light Sensor (Сензор за осветленост) на On (Вклучено) во Setup Menu (Менито за поставување)
  • Променете го поставувањето за Power Saving (Заштеда на енергија) на Low (Ниско) или High (Високо) во Setup Menu (Менито за поставување).

БЕЛЕШКА: Некои од чекорите што се наведени погоре можно е да не се достапни на сите модели на телевизори. Ако ви е потребна конкретна информација за да извршите некој од чекорите, проверете во упатство за користење на телевизорот.


Дали проблемот е решен?

Да Не, однеси ме на следниот чекор