Точки на LCD-екран или OLED-екран се појавуваат како темни или светли црвени, зелени или сини точки

Тоа што можеби го гледате е една или повеќе од над 2.000.000 точки кои ги сочинуваат LCD-екраните или OLED-екраните. Овие точки може да се појават во црвена, зелена, сина, бела или црна боја.

За да се произведат овие LCD/OLED-екрани се користи технологија со висока прецизност за да се одржи висок стандард на работа. Но, кај сите LCD/OLED-екрани, без оглед на производителот, може да има мал број точки кои не ја променуваат бојата. Ова е нормална појава за сите LCD/OLED-екрани од сите производители и е вообичаено за технологијата. Најчесто, овие точки остануваат на екранот, но се забележуваат само ако се прикаже целосно бела или целосно црна слика и не треба да бидат видливи во нормални услови на гледање.

Ако го забележувате овој феномен и сте загрижени бидејќи бројот или позицијата на таквите точки видливо го нарушува вашето доживување при гледањето, контактирајте со нас.

Забелешки:

  • Некои точки може да изгледаат мртви или дефектни ако има нечистотија на екранот. Темелно исчистете го екранот со мека и сува крпа за да потврдите дали проблемот е мртва или дефектна точка или се работи само за нечистотија
  • Понекогаш овие мртви или дефектни точки ќе се поправат сами од себе со текот на времето