Добре дојдовте на страниците за поддршка и поправка на Sony. Ќе ве водиме низ неопходните чекори за да ви го направиме патувањето низ поправката што е можно попријатно и попрактично.
Дали ја проверивте алатката за брзо решавање проблеми (само за телевизори, слушалки и мобилни уреди)? Ако не сте ја провериле, потврдете дали навистина е потребно да закажете поправка: често пати поправките не се потребни!
Штом ќе бидете сигурни дека ви е потребна поправка, треба да имате некои информации при рака.
Ајде да го разгледаме списокот за проверка на информациите за поправка:
Мојот производ/име на моделот
Мојот сериски број
IMEI-број (само за мобилни уреди) Каде можам да го пронајдам името на моделот или серискиот број?
Наведувањето на името на моделот и серискиот број и IMEI-бројот (само за мобилни уреди) ни овозможува точно да го идентификуваме производот и да добиеме дополнителни информации кои ќе помогнат во процесот на поправката.
Мојата фактура/сметкаВашата фактура/сметка му помага на продавачот да провери дали производот сѐ уште е во рамките на гарантниот период. Исто така, го поврзува производот со неговата база на податоци. Ја загубивте фактурата/сметката? Не грижете се, ако производот сѐ уште е во гарантниот период, продавачот би требало да има дигитална копија.
Информации за гаранцијатаПотврдете дека производот сѐ уште е во рамките на гаранцијата (видете во фактурата/гаранцијата) или имајте ги при рака деталните информации за продолжената гаранција. Ако не сте сигурни за гарантниот период во вашата земја, погледнете го нашиот преглед.
Моите лични податоциИме, адреса, е-пошта и телефонски број.
Подготовката е клучна за успехот. Јасен опис на проблемот ќе му помогне во работата на тимот за поправка.
Може да го преземете и да го отпечатите нашиот шаблон за да ви помогне да ги резимирате потребните информации.
Преземете го шаблонот
Сега, кога ги имате сите потребни податоци, време е да најдете овластен сервисен центар (ASC). Користете го локаторот на овластени сервисни центри за да ги најдете центите кои се во ваша близина.
Овластениот сервисен центар ќе ве води низ патувањето. Дајте им ги сите информации кои ги собравте. 
Кликнете за да го најдете својот овластен сервисен центар